Британската премиерка Тереза Меј денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Медимите ширум светот пишуваат дека тие двајца ќе се состанат во рамките на преговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. А веста за тоа ја потврдија и од кабинетот на Меј.
„Една од темите на кои ќе се разговара ќе биде Британија и ЕУ по брегзит“, соопшти претставник од кабинетот на британската премиерка.
Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската Унија на 29 март 2019 година. Меј пред неколку дена изјави дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.