Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина.
Шефот на полицијата во Денвер, Пол Паузен, изјави дека двајца мажи биле уапсени по пукањето во центарот на градот каде што едно лице загина, а четворица други беа хоспитализирани со рани од престрелката, пренесе Ројтерс.
Како што додадоа од полицијата престрелката се случила во дел од центарот на градот во местото познат како Лодо, каде има многу хотели, ресторани и високи стамбени згради.
Според шефот на полицијата, нападот бил со цел, не бил случаен, но тој не сакаше да прецизира кој бил мотивот на нападот.