Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски
Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.
– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо”
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.
Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.