Домородци убија американски турист на забранет остров
Џон Чау, 27, му платил на локален рибар за да го пренесе на островот Северен Сентинел во Индискиот Океан, кој е забранет бидејќи припадниците на локалното племе се многу агресивни и властите се обидуваат да ги заштитат.
Како што објави полицијата веднаш штом слегол на копното, Чау го опкружиле жителите на островот и го убиле. Според друг извор, веднаш штом се појавил на брегот бил засипан со стрели, а подоцна го опкружиле домородците и го задавиле.
Рибарите го најдоа неговото тело еден ден подоцна и го пријавија случајот. Островот е под заштита со цел локалната популација домородци, за кои се претпоставува дека ги има околу 150, да се заштити од современите болести.
Ова не е прв случај на напад врз странци од страна на овие домородци. Во 2006 година, двајца рибари го закотвиле бродот во близина на островот за да преспијат, но тој се ослободил и се заринкал на брегот. Тие веднаш биле убиени.