Истражувањето на Универзитет во Индијана покажа дека протеините прават да се чувствуваме сити најдолго време.
Авторите на студијата наведуваат декаво текот на истражувањето сакале да се фокусираат исклучиво на едно конкретно прашање: Кое дејство го имаат протеините на ситоста?
По деталната анализа на податоците од неколку илјади различни истражувања, научниците се задржале на 5 главни студии. Во секое истражување експертите до податоците доаѓале по истиот пат – на одредена група испитаници им давале време во кое требале да гладуваат, а потоа им давале намирници богати со протеини и бележеле како тие се чувствуваат по одреден временски период.
Резултатите покажале дека зголемениот внес на протеини навистина го продолжува чувството на ситост во однос на останатите намирници.
Научниците и понатака ќе истражуваат дали растителните и животинските протеини имаат исто влијание на чувството за ситост, како и дали протеините во шејковите имаат исто дејство на ситоста како оние кои се внесуваат со џвакање.