Ема Коронел Аиспуро секогаш е во првите редови на судењето на нејзиниот сопруг, кој привлече големо медиумско внимание. Многумина истакнаа дека за време на тие појавувања се прикажала како жената која има богат сопруг и која сака да носи софистицирана облека.
Таа често сака да го прикажува својот живот , па така можат да се забележат и нејзини фотографии со ќерките, но и такви на кои позира во бикини и ужива на плажа.
Сега одлучи да се прикаже во ново светло, па објави фотографија од волонтирање. Таа минатата недела со своите ќерки волонтирала во детската болница во Мексико. Им однела пелени, играчки и слични работи кои им се потребни.
“Јас тоа го правам поради љубовта кон луѓето без никаков профит. Работам поради љубовта кон човекот, за оние на кои им е потребна помош”, вели таа.
На фотографиите се гледа како оваа мајка на две девојчиња, за време на посетата во болницата, носи маска преку лицето, обични фармерки и патики.
Таа има околу 500.000 следбеници на една социјална мрежа па многумина велат дека таа е славна личност. Нејзиниот сопруг Хоакин Гузман Лоер, познат како Ел Чапо се соочува со доживотна казна затвор поради шверц со дрога во милионска вредност, како и поради убиства на своите ривали.
Медиумите пишувале дека додека Ел Чапо престојува во американскиот затвор, неговата сопруга ужива во луксузниот живот. Некои дури и ја обвинуваат дека троши “крвави” пари.