Министрите Анѓушев и Сугарески на увид во изградбата на пругата Битола-Кременица
Вицепремиерот Кочо Анѓушев задолжен за економски прашања и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе извршат увид во изградба на железничката пруга Битола – Кременица.
Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17,2 милиони евра. Од нив шест милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија.
Железничката пруга која ги поврзува Република Македонија и Република Грција од страната на пелагонискиот регион, е стратешки проект на Владата со кој се очекува после 32 години, соседните држави повторно да воспостават редовен железнички сообраќај.
Градежните работи на пругата од Битола до Кременица ги врши компанијата STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија.