Од ВМРО-ДПМНЕ очекувале негативно мислење од Владата за нивниот предлог-закон за амнестија. Сметаат дека тоа е смислено сценарио од власта за да продолжи агонијата на лицата обвинети за настаните од 27 април. Партијата останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело за помирување, но, потенцираат, доколку тоа понуди решение за неслективна правда ќе го поддржат. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека има простор низ дебата со власта да се подобри решение за амнестија за кое Владата вчера даде негативно мислење.
-Ние очекувавме дека ќе има ваков развој на настаните од причина што и самиот закон во моментот кога го поднесовме согласно собранискиот Деловник не беше ставен на првата седница односно беше одбиен од страна на мнозинството. Така што сето ова води кон еден заклулчок дека целата оваа фарса што се прави и недавањето поддршка за презентација на законот за амнестија е смислено сценарио од само една причина да продолжи агонијата на сите лица вклучени во процесите од 27 април, изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Тој додава дека доколку мнозинството сака има можност преку дебата со одредени амандмани да го подобри решението што го предлага ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние не поддржуваме насилство во Собранието никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа не го поддржува. 27 април е еден немил астан што се случи, но селективноста во правдата и она што ни го нудат со телото за помирување нема да ја долови сликата за тоа што е крајна цел на неговото формирање, рече Мицевски.
Потврди дека партијата останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело, туку оти само ќе ја следи. Доколку се донесат неселективни одлуки и неселективна правда за сите учесници што можст да бидат опфатени согласно закон, рече Мицевски ќе дадеме поддршка. ПОјасни дека поддршката ќе зависи од тоа што ќе биде понудено и кога ќе биде понудено, дали пред или по завршувањето на постапката за уставните амандмани.
Вчера Владата даде негативно мислење на предлог-законот за аменстија на сите осомничени, обвинети и осудени за 27. април, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. За овој предлог закон ќе се расправа на собраниска седница.
Министерката за правда Рената Дескоска истакна дека законот што е во собраниска процедура на предлог на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е закон што е пресеопфатен, дава секаква амнестија, и Владата не смета дека тоа не е вистинскиот пат за решавање на ова прашање.
-Амнестијата што беше опфатена во тој закон беше преширока, така што ставот беше дека евентуална амнестија и други прашања од тој тип треба да се решаваат во рамки на телото за помирување во Собранието, рече Дескоска.
Во однос на тоа како ќе се прави правна селекција за 27 април, со оглед на тоа дека сите се обвинети за терористичко загрозување, и дали ќе има преквалификација на делото за тие што ќе бидат амнестирани, Дескоска рече дека можат да се исклучат определени дела што не би биле опфатени со амнестијата.