Шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен во Македонија
Министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Андерс Самуелсен, денеска ќе претстојува во официјална возвратна посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров на средбата со Самуелсен ќе го информира својот колега за реформските активности на Владата на Репбулика Македонија во клучните области, а посебен акцент ќе биде ставен на поддршката од Данска во процесите на пристапување на нашата земја во европските и евро-атлантските структури.
Воедно, ќе бидат разменети мислења и предлози за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, интензивирањето на политичкиот дијалог на високо ниво, како и за состојбите во регионот и пошироко.
Ова е прва посета на дански министер за надворешни работи на Република Македонија после 16 години, посочуваат од македонското МНР.