Шок во програма во живо: Водител дожива срцев удар среде емисија
Турскиот водител Шукру Ојтан, кому неодамна му беше дијагностицирана срцева аритмија, вградил пејсмејкер за да ја регулира работата на срцето.
Сметајќи дека е подготвен да се врати на работа, одлучи да ја води емисијата на локалната ТВ станица во Ескишехир.
Меѓутоа, додека коментираше меч од Втората турска лига, наеднаш се свитка и главата му падна на маса.
Неговиот колега неколку моменти гледаше во него, а кога одлучи да провери дали е во ред, Ојтан падна на подот.
За среќа, Ојтан преживеа.
ТВ станицата наведе дека Ојтан е префрлен во болница, каде лекарите успеале да го стабилизираа.