Тимот на Наполи игра добро во овие неколку месеци во оваа сезонаи тоа во сите натпреварувања, односно во Италија е на второто место зад Јувентус, додека пак во Лигата на шампионите во групатата на смртта е на второто место во конкуренција на Ливерпул, Пари Сен Жермен и Црвена Звезда.
Овие резултати го радуваат првиот човек на наполитанците, Аурелио Лаурентис кој поради тоа не најави нови имиња во јануарскиот преоден рок, но затоа информираше дека на лето звучно засилување ќе пристигне на „Сан Паоло“.
-Нема да купуваме никого во јануари. Во јуни пак ќе донесеме големо заислување, -истакна кратко претседателот на Наполи кој запрашан за Кавани директно порача:
-Ако му здосади Париз и одлучи помалку да заработува ќе го пречекаме со отворени раце, -заклучи Аурелио.