Повеќе од 4.000 мигранти пристигнале во Тихуана, град во северозападниот дел на Мексико, на границата со САД. Армијата која е распределена на границата е на готовос, како што информираат тамошните медиуми војската добила задача да реагира, доколку е тоа потребно.
Само вчера со автобуси или пеш стотици мигранти од Централна Америка пристигнале на мексиканско-американската граница. Прифатните центри се полни и одреден број мигранти се наоѓаат во импровизирани кампови во околината.
Храна им делат активисти и претставници на верски организации. Локалните власти рекоа дека од 4.000 мигранти, кои моментно се наоѓаат во градот во близина на границата има 400 деца.
Повеќето мигранти имаат намера да поднесе барање за азил во САД, но бидејќи бројот на мигранти е голем властите додека ги разгелдаат сите барања потребно е време, пишуваат медиумите, и додадваат дека некој мигранти би можеле да чекаат и по повеќе од една година за азил.
Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Mатис рече дека Белата куќа дала овластување војската доколку е потребно да ги брани царинските службеници и границата со Мексико.
АП пишува дека ова значи дека Mатис има овластување да во случај на насилство или други инциденти на границата да испрати војска да го брани персоналот и да апси мигранти. Матис рече дека армијата нема да го преземе овластувањето на органите на прогонот, но и дека мигрантите би биле задржани само неколку минути или часови, но додаде дека тие ќе имаат овластување да се отвори оган ако е потребно. Армијата ќе интервенира во југозападниот дел на границата, само во случај на посебно барање на Министерството за внатрешна безбедност, објасни Mатис.