Покрај добрата паста за заби и гумите за џвакање, овие природни рецепти уште подолго ќе го одржат вашиот здив свеж и пријатен…
Главното оружје во борбата против непријатниот мирис од устата се здравите заби, правилната исхрана, избегнувањето на штетните навики и општото здравје. Но, сепак помош можете да ја побарате и од природата…
Погледнете ги овие три рецепти кои ќе ви помогнат да го одржите вашиот здив свеж
Вода за плакнење
Водата за плакнење на устата можете да ја направите и од пелин. Земете пелин на врв на лажица и прелијте го со зовриена вода. Оставете го да отстои 20-25 минути, па процедете. Со овој чај можете да ја плакнете устата 3- 4 пати во денот.
Лимон
Исцедете сок од ½ лимон, задржете го и промешајте во устата, па голтнете. Потоа испијте чаша јогурт. Со помош на овој меѓуоброк можете да го задржите свеж здивот преку целиот ден.
Нане и босилок
Џвакајте листови од свежо нане бидејќи во вашата уста ќе донесе моментално освежување. Листовите од свеж босилок исто така се добро решение, кое вашиот здив ќе го направи свеж.