Таксист се обидел да силува девојка, пред неколку дена во Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, Л.К.М.(22) вчера го пријавила случајот во ПС Центар.
Таа кажала дека инцидентот се случил во неделата половина час по полноќ во Скопје. Девојката се возела со такси, кога возачот се обидел да ја силува, но не успеал во намерата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.