Најмалку пет лица загинаа, а десетина се повредени откако автомобил се забил во пешаци пред основно училиште во североисточна Кина. Возачот на возилото се обидел да избега, но е приведен по несреќата во градот Хулудао во провинцијата Лиаонинг во четвртокот, објави државната радиотелевизија.
Снимките на безбедносните камери покажаа редица деца како ја минуваат улицата пред своето училиште, кога автомобилот се приближува, преминува лента и удира во групата.
葫芦岛建昌二小门前,男子开车撞向多名小学生! pic.twitter.com/SovtBrldgo
— 楠源卍奇说 (@HMN_33) November 22, 2018
Пет лица загинаа во несреќата, а 18 се однесени во болница, јавија локалните медиуми. Не е јасно колку од жртвите се деца. Во моментов е непознато дали несреќата била намерен напад, а во Кина ваквите инциденти се сè почести.