Шефот на кабинетот на косовскиот премиер, Авни Арифи реагираше по барањето на Европската Унија, Приштина да ја укине мерката за царина од 100 проценти на производите од Србија и Босна и Херцеговина. Тој наведе дека ЕУ била информирана за тоа дека Белград ги кршел сите постигнати договори за време на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, но тоа не го осудила, пренесуваат приштинските медиуми.
„Би сакал високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини да беше загрижена кога кососовската делегација ја извести и ѝпобара поддршка. Ситуацијата сега е влошена“, заклучи Арифи.
Тој објави посмо од мај во кое, како што тврди, ја известил ЕУ за диговорите постигнати во Брисел, чии што одредби Србија ги прекршува.