Две лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и 11 возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 14 возачи, од кои двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување, еден возач почетник, како и две технички неисправни возила и 11 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 73 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Денеска одделението за превенција заедно со членовите на УСЕ од ООУ „Димитар Македонски” ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот пред, односно во непосредна близина на училиштето.