Децата кои одат во градинка развиваат подобри социјални вештини

Раното започнување на одење во колектив, односно во градинка позитивно влијае на целокупниот развој на децата, покажува истражување направено од француски научници.

 

Добрата нега и правилното насочување уште во најрана возраст го поттикнуваат детскиот говор, придонесуваат на побогат фонд на зборови, а долгорочните последици се чувствуваат и во текот на школувањето. Тоа е така бидејќи децата биле доволно поттикнувани на вистинскиот начин на најрана возраст да постигнуваат подобри академски резултати.

Француски научници спровеле истражување во кое набљудувале 1.428 деца на возраст до 3 години. Тие ги споредиле децата кои одат во градинка и оние кои биле чувани од бебиситерка или друга личност која не е по професија воспитувач. Студијата се занимавала и со проучување на начинот на грижа за децата во најраната возраст, како и за однесувањето. Резултатите покажале дека секое шесто дете има некои бихевиорални проблеми, вклучувајќи хиперактивност или нарушување на вниманието, додека сличен бил процентот и на деца со одредени емоционални проблеми.

На секое петнаесетто дете проблем му било да се спријатели со други деца, додека секое седмо дете целокупно имало прилично лоши социјални вештини. Но, резултатите покажале дека е помала веројатноста овие проблеми да се појават кај деца кои одат во градинка отколку кај оние кои биле чувани од членови на семејството или бебиситерки кои не се по струка воспитувачки.

Тимот научници од Париз го следел емоционалниот развој на децата од раѓањето до осмата година. Во текот на тој период родителите периодично пополнувале анкети за однесувањето и емоционалниот развој на детето, вниманието, способноста за носење заклучоци и социјалните вештини. Од децата кои учествувале во студијата 44.5 проценти биле чувани од бебиситерки, 26 проценти оделе во градинка, а помалку од 30 проценти биле чувани од членови на семејството.

Анализата покажала дека мајките чии деца одат во градинка нема потреба да се грижат бидејќи раното вклучување во колектив не остава штетни последици по социјалниот и емоционалниот развој на децата. Насочената игра, времето минато во читање на децата и навикнувањето на убаво и примерно однесување уште од најрана возраст се повеќекратно корисни.

Треба да знаете
Последни објави