Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.
-Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.