Германската канцеларка Ангела Меркел се закани дека нема да учестввуа на Самитот на 25 ноември за финализирање на Брегзит доколку не се постигне претходен напредок во разговорите.
Според медиумите, канцеларката не сака да преговара на самиот Самит, и смета дека договорот треба да се постигне претходно. ЕУ и Обединетото Кралство треба да постигнат договор за спогодбата за повлекување, како и за документот за идниот однос помеѓу двата блока.
– Двата документи треба да бидат готови в недела за да може да го потпишеме договорот за напуштање и да ја прифатиме декларацијата за идниот однос, изјави Меркел.
Британската премиерка доцна синоќа одржа двочасовна средба со претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, но детали од разговорите не се соопштени.
Меј само кусо изјави дека е постигнат „дополнителен напредок” и оти планира да се врати повторно во Брисел в сабота за средба со Јункер и други европски челници.