Оптичка илузија ги полуде интернет корисниците

Новата оптичка илузија ја полуде интернет екипата. Станува збор за виолетово-жолта илузија со многу шестоаголници.

Најпрво започнала приказната дека ја создал јапонскиот професор Јамамото Хашима како начин за да се измери нивото на стрес кај луѓето.

Британски магазин пишува дека објаснувањето за илузијата е следно: ако воопшто не се движи или се движи сосема малку, тогаш не сте под стрес и здрави сте. Но, ако непрестајно се движи, тогаш сте под огромен стрес.

Меѓутоа, потоа се јавил Јури Пеперад, графичкиот дизајнер кој тврди дека професорот Јамамото воопшто не постои и дека тој е автор на илузијата.

„Ја направив оваа фотографија на 26-ти септември, 2016-та година, во „Adobe“. Го користев ефектот „Akioshi Kitaoka“. Станува збор за црно-бели линии на обоена позадина. На личноста која го гледа, ѝ се причинува дека деталите од фотографијата се движат“, објаснил Јури и додал дека психотерапијата и стресот немаат поврзаност со неа.

Треба да знаете
Последни објави