Велика Британија ја обвини ГРУ за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен агенс во Англија. Американските разузнавачки агенции пак обвинуваа дека ГРУ стои и зад обидот да се нарушат претседателските избори во САД во 2016 година.Но, Русија ги отфрли ваквите обвинувања.
Според медиумите, Коробов, наводно, почнал да се чувствува лошо по расправијата со рускиот претседател Владимир Путин, поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Солзбери, Англија. По средбата, наводно било најавено дека Коробов се повлекува од функцијата шеф на ГРУ.
Претходникот на Коробов, Игор Сергун, ненадејно почина на 3 јануари 2016 година. Официјално, тој почина пред својот дом во Москва по срцев удар. Според американската геополитичка разузнавачка фирма Стратфор, пак, Сергун починал на Нова година во Либан.