СДСМ ја демантира објавената информација на албанската агенција ИНА, според која премиерот Зоран Заев ќе биде консензуален претседателски кандидат на изборите наредната година.
Во ментов не постојат разговори за дефинирање претседателски кандидат во органите и телата на СДСМ. Разговорите не се започнати и оттука воопшто не е точно дека е дефиниран кој било за кандидат. Исто така, не е точно дека има кандидати за премиерската позиција.Станува збор за класични шпекулации кои немаат никаква врска со реалноста.Дополнително, јавноста знае, а СДСМ повторно го реафирмира, тоа не е цел на претседателот Зоран Заев, како што лажно е наведено во текстот, се вели во соопштението.
Според партијата, по промените и рушењето на режимот, Република Македонија оди напред. Владата предводена од премиерот Зоран Заев останува посветена на економскиот напредок, на подобрување на животниот стандард на граѓаните, на зголемувањето на платите, на инвестициите, на обезбедувањето сигурна и стабилна иднина на нашата заедничка татковина како членка на НАТО и ЕУ.