Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија
Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava”.
Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес”.
Од Стејт департментот истакнуваат дека против Груевски се водат четири кривични постапки и оти е потребно тие да продолжат во македонскиот правосуден систем.
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски во вторникот објави дека добил азил во Унгарија. Македонските власти побараа поништување на одлуката за азил и негова екстрадиција во Македонија.