Валентина Ангеловска
Чувате ли пари за „црн петок“? Ако одговорот е потврден може да се почестите утре со некое ново парче гардероба или чевли со неверојатно ниска цена. Но може да купите и нов телевизор или мобилен телефон. Утре 23 ноември е „Black Friday“ e најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во светот со најголемите попусти што воопшто можат да ги дадат трговците. Тоа е единствниот ден во историјата на нашата планета кога се кампува пред продавницитее.
Единственото значење на првиот петок после Денот на благодарноста е шопинг манијата. Тогаш се случуваат големите попусти и се отвара можност секој од нас да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.
Како и секаде во светот така и кај нас последните неколку години наголемо се рекламираат ниски цени за „Black Friday“. Сите трговски центри се вклучува во шопинг манијата препознатлива низ светот, која всушност е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.
Црн петок е термин кој датира од 1960 година, секогаш е еден после Денот на благодарноста во САД. Иако не е признат како официјален американски празник, многу вработени имаат слободен ден во име на тоа, освен оние кои работат во трговијата на мало.
Како се појавил Црниот петок? Маркетинг трик. Трговците сфатиле дека само со ниски цени има начин како да ги придобијат купувачите. Така во еден ден ги намалиле цените на производите од вообичаените попусти кои ги имаат во текот на годината. Всушност, ова е денот кога почнува божиќниот шопинг и трае до 24 декември, ден пред Божиќ. Со текот на годините оваа пракса сe раширила низ целиот свет.
Еден ден по Денот на благодарноста, американските купувачи со часови чекаат да се отворат продавниците надевајќи дека ќе набават производи со големи попусти. Најголем дел од нив кампуваат пред маркетите каде што плнираат да пазарат.
Илјадници купувачи во САД, со цел поефтино да набават различни производи, традиционално застануваат во редици со часови пред да бидат отворени продавниците, ден по Денот на благодарноста, исто така познат и како „Црн петок“.