Полицијата поднесе кривична пријава против 45 годишен маж од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела ,,тешка кражба“, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.
„Пријавениот, првото дело го извршил на 18.11.2018 година околу 17.20 часот во продавница на булеварот Кузман Јосифовски Питу, второто кривично дело истиот ден околу 21.15 часот во продавница на улицата Даме Груев“, соопшти полицијата.