Бурна ноќ во Белград по одлуката на Приштина да ги зголеми таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 проценти.
Одржана беше и седница на Советот за национална безбедност.
Претходно српскиот претседател, Александар Вучиќ разговараше со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и САД. Тој прецизираше дека Србија нема да донесе контрамерки, бидејќи не сака да ги крши Договорите за стабилизација и аспоцијација и ЦЕФТА.
Вучиќ очекува пред сѐ земјите од ЕУ да ѝ укажат на Приштина дека потегот е неприфатлив, со давачките се ризикува да дојде до ескалација на препирањата и доведен е во опасност мирот во регионот.
Српските органи ќе бидат на готовс да реагираат на следните чекори на приштинските власти, рече Вучиќ. Српскиот претседател повтори дека компромисот и дијалогот остануваат единствениот пат кон решавање на косовските проблеми.