Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин е помала од 60 отсто, што ја прави најниска во последните пет години, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе рускиот центар Левада.
Истражувањето на јавното мислење покажа дека на претседателски избори во 2024 година, за Путин би гласале 56 отсто од испитаниците. Тоа претставува пад на популарноста од 10 отсто во однос на мината година. Последен пат Путин имал рејтинг после 60 отсто беше во 2013 година.