Германски весник пренесува дека Ули Хенес наскоро би можел да поднесе оставка како прв човек на Баерн Минхен, а за негов наследник се шпекулира дека е Оливер Кан.
За Кан како претседател на Баерн веќе на големо се зборува во Германија, а неговата кандидатура ја охрабрува уште една клубска легенда на Баварците, Лотар Матеус.
„Тој е легенда на Баерн, ја има таа ДНК во себе и експерт е во областа на спортот, посебно во фудбалот. Покрај тоа, тој е образован човек кој што добро ја познава економијата и знам дека е многу амбициозен човек. Тој ја има мојата целосна доверба да го води Баерн во иднина“, изјави Матеус.
Оливер Кан бранеше за Баерн Минхен во периодот од 1994-та до 2008-ма година и во дресот на баварскиот клуб настапи на 632 натпревари.