Ресторанот Миа Мама во Лондон планира да вработи италијански домаќинки, мајки, заради вистинскиот вкус на италијанската храна, но и поавтентична домашна атмосфера во самиот угостителски објект.
Во соопштението на сопствениците на ресторанот се вели дека ќе ангажираат по една домаќинка од сите 20 области во Италија, на пробен период од четири месеци. Избраните 20 жени ќе бидат најмени една по една, не сите одеднаш.
Секоја италијанска област има свои традиционални одлики, а жените ќе треба да ја претстават својата област најдобро што можат, преку храна што ќе ја готват, но и гостопримството и разговори со посетителите.
На менито има сѐ, од тестенини, полнети со јајца, карактеристични за северна Италија, до јадења со морски плодови, по коишто е познат југот од земјата.