Шпанските медиуми деновиве пренесуваат дека Лука Модриќ е на излезните врати на „Сантијаго Бернабеу“, а сега се појави и името на неговиот прв потенцијален наследник.
Флорентино Перез по никоја цена не сакаше да му дозволи на Лука Модриќ да се пресели во Интер ова лето, но се чини дека плановите на првиот човек на Реал Мадрид се променија за само неколку месеци.
Наводно, Перез веќе се согласил Модриќ да биде продаден идното лето доколку на адреса на Реал пристигне добра понуда.
Според шпанските медиуми, замената за Лука Модриќ најверојатно ќе биде плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Иако ќе биде тешко да се ангажира Данецот, сепак јасно е дека Реал Мадрид идното лето ќе започне фаза на „реновирање“ на тимот, па Перез со сите сили ќе се обиде да го донесе еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем.
Што се однесува до Модриќ, Хрватот најверојатно ќе се пресели во таборот на Интер.