Курц жали поради одлуката на Косово за зголемување на царините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази жалење поради одлуката на Владата на Косово за зголемување на таксите за 100 отсто за стоката од Србија и Босна и Херцеговина.

Тој на Твитер напиша дека регионалната соработка во Западен Балкан и договорот ЦЕФТА се од корист секому во регионот.

„Мора да ги уриваме бариерите, а не да пронаоѓаме нови”, напиша Курц на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави