Српски „Телеграф“ дознава, откако нов обвинител го презеде случајот, во рамките на дополнување на истрагата наредена од страна на Вишот суд во Белград, се поизвесно е дека ќе биде наложена ексхумација и извршена нова обдукција на телото на убиената Јелана Марјановиќ.
Апелациониот суд минатиот месец ја уважи жалбата на одбраната и го врати обвинението против Зоран Марјановиќ (40), осомничен за убиството на сопругата Јелена, за дополнување на истрагата. Според изворите на весникот, освен новата бдукција се очекуваат дополнителни сослушувања на сведоци.
„Побарано е да се направи просторно-временско вештачење на снимки од куќа во Црвенка, кои глдаат на кејот на кој беше убиена пејачката, а кои ги нема во предметот. Потоа, вештачење на мобилниот телефон на велосипедист на кејот, анализа на крвта најдена на задното седиште на „Мерцедесот“ на Зоран, како и чија е мистериозната ДНК пронајдена на гребнатината на раката на Зоран , вели изворот.