Три лица се повредени во судир на два автомобили на улицата Владимир Комаров во скопската населба Аеродром.
Сообраќајката се случила на пешачкиот премин пред кафулето „Ред кафе“ кога се судриле „мерцедес” со бугарски таблички и „мини ровер” со скопски таблички.
Според очевидци, во сообраќајната незгода полесно се повредени возачот и сопатникот во „мерцедесот” и жената што го управувала „роверот”. Тие веднаш се транспортирани со возило на Итната помош.