Светската јавност постојано излегува со нови шпекулации за евентуалното враќање на Нејмар во Шпанија, а покрај Реал Мадрид, во последно време се почесто се појавуваат и гласини за можен кам-бек во Барселона.
Сепак, во вакво можно сценарио најмалку верува легендарниот капитен на катлаонскиот гигант, Чави Ернандез, кој при своето обраќање за радио направи и интересна паралела за тоа во кој правец може да се одвива кариерата на Бразилецот.
Чави направи споредба меѓу Нејмар и двете најголеми фудбалски ѕвезди Меси и Роналдо, порачувајќи дека актуелната ѕвезда на ПСЖ ќе може да го достигне нивното ниво само ако созрее како играч.
– Искрено, не гледам како Нејмар би се вратил. Не си замина на најдобар начин и затоа не гледам како би се вратил. Читам многу за неговото враќње, но според мене нема никакви шанси за враќање во Барса. Според мене, тој е бомбастичен фудбалер, ако ги смогне сите сили и созрее, ако работи напорно, ќе биде блиску до Меси и Кристијано. Ми изгледа како лидер на теренот, има квалитет да биде одлучувачки, но на крајот се зависи од него. Може да дојде блиску до тоа ниво, но ќе видиме дали има менталитет за такво нешто, – порачува Чави.