Во ладните зимски денови најдобро е да пиете чај од разни билки за да останете здрави и за да не бидете подложни на настинка и грип.
Но, ние ви пронајдовме нешто со кое ќе можете да го засладите тој чај, а што ќе ве закрепне и заштити од настинка, грип и пад на имунитетот. Тоа е всушност една златна смеса која се прави од куркума и мед.
Куркумата и медот имаат и поединечно, но особено кога се консумираат заедно, неверојатни лековити својства. Тие си помагаат во лекувањето на воспалението на горните дишни патишта, ги спречуваат настинката и грипот бидејќи го зајакнуваат имунитетот и со самото тоа не доведуваат до компликација со хроничните воспаленија на респираторните органи и имаат антиоксидантско дејство. Медот е добар за кожата, така што земањето на оваа смеса низ чај или кафе, меѓу другото, ќе влијае и врз тоа вашата кожа да стане поеластична и со помалку брчки.
Подготовката е многу лесна: во 100 грама мед измешајте една лажичка куркума и најдобро е мешавината да ја чувате во дрвен сад. Со неа можете веднаш да засладувате чаеви, млеко и колачи. На здравје!