Премиерот Зоран Заев му понудил на лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ функција на советник во својата влада, пишува белградски „Блиц“.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција.
Според „Блиц“, лидерот на ЛДП кој негува добри односи во регионот, сѐ уште не одговорил на понудата на Заев. Весникот пишува дека тој на Заев му понудил создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците”.