Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за објавување јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на член 31 став 1 алинеа 6 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа за следните комисии:
1. Комисија за правни работи, политички систем и антикорупција,
2. Комисија за финансии и монетарни прашања,
3. Комисија за економија, инвестиции и туризам,
4. Комисија за надворешни работи и евроатлантски интеграции,
5. Комисија за безбедност и одбрана,
6. Комисија за здравство,
7. Комисија за образованиеи наука,
8. Комисија за животна средина,
9. Комисија за енергетика,
10. Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања,
11. Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,
12. Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт,
13. Комисија за инф. општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги,
14. Комисија за администрација,
15. Комисија за локална самоуправа,
16. Комисија за култура,
17. Комисија за спорт,
18. Комисија за односи со невладини организации и
19. Комисија за стратегиско истражување и обсервација.
Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да достават биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за членство во една од Комисиите. Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 10.12.2018 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р. Христо Татарчев бр.1) во Скопје, Република Македонија или преку електронска пошта на konkursi@vmro-dpmne.org.mk.ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.
По доставувањето на кандидатурата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на Комисија.
,,Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани. По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање”, соопшти партијата.