ВМРО ДПМНЕ повторно за веќе демантирана вест одржа прес-конференција. ЕДС уште еднаш остро ги демантира и отфрла како невистинити сите наводи дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на компанијата ЕДС, или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев, се вели во реакцијата.
Компанијата ЕДС соопшти дека целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.
,,ЕДС уште еднаш потенцира дека доколку продолжат да се изнесуваат невистинити и неточни информации во врска со компанијата, се преземаат и ќе бидат преземени сите потребни, правни чекори за да се заштити угледот на компанијата ЕДС и да се спречи ширењето на лажните обвинувања”, се додава во соопштението.