Два автомобили изгорее во пожар, ноќеска во скопската населба Тафталиџе, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 2 часот во близина на студенскиот Дом „Гоце Делчев“. Во пожарот изгорел џип „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј. Е (52) од Скопје. Од пожарот било делумно зафатен и автомобил ,,мазда“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Е..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.