Унгарската социјалистичка партија и другите опозициски партии подготвуваат заеднички план против бегалецот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија. Тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја, бидејќи според нив не ги исполнува условите, а истовремено се противат оти тој е осуден на издржување затворска казна во Македонија.
Консултацијата меѓу партиите Дијалог за Унгарија (MSZP), Демократска колаиција (DK) и партијата Други политики се возможни (LMP) веќе била одржана, пишува „24.ху“ повикувајќи се на свои извори.
Тие ќе иницираат почеток на панел дискусија за ова прашање, а истовремено ќе бараат креирање на парламентарна истражна комисија. Потоа до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, а парламентот ќе добие предлог како да се постапи.