Маж уапсен за перење пари, парите пронајдени во машина за перење
Холандската полиција приведе маж осомничен за перење пари. Полицијата во неговиот дом пронашла 350.000 евра скриени во машина за перење.
Во соопштението на полицијата се наведува дека полициските службеници ги пронашле парите за време на претрес во домот на осомничениот во Амстердам, пренесе АП.
На самото место биле пронајдени и машина за броење пари, пиштол и неколку мобилни телефони.
Поради правилата за заштита на приватноста, идентитетот на 24-годишниот осомничен не е соопштен, наведе новинската агенција.