Персонал на авион барал од патниците да платат за полетување
Комерцијален лет од Пекинг до Варшава на 11. ноември бил одложен поради дефект на хидрауличната пумпа на авионот „боинг 787 дримлајнер“, а кога механичарот кој го поправил боингот посакал да му се плати во готово, персоналот наводно од патниците побарал да донираат пари за поправката.
Патниците собрале вкупно 520 долари, што било доволно за мајсторот кој ја вградил новата пумпа, така што не само што чекале 10 часа за полетувањето, туку и ги платиле трошоците за поправка.
Компанијата соопшти дека персоналот се обидел да го забрза полетувањето барајќи помош од патниците и дека на оние кои донирле, парите им биле вратени веднаш штом слетале во Варшава, пренесе „Б92“.
„Иако вработените имале добри намери, од гледна точка на компанијата оваа одлука е погрешна“, се вели во соопштението во кое се додава дека на патниците им бил понуден и соодветен надомест.