Возач кој бил неправилно паркиран нападнал полицаец при контрола во Битола. Како што информира МВР, инцидентот се случил завчера околу 12,55 часот во Битола, на крстосницата од улиците „Булевар 1-ви Мај“ и ул.„Никола Тесла“.
Униформиран полициски службеник во СВР-Битола, при контрола на неправилно паркирано патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, бил физички нападнат од возачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.