Двегодишно девојче било каснато од куче на улицата Козле во Скопје. Според полицијата, вчера во 21 часот Н.Ц. (27) од Скопје пријавила дека претходниот ден на улицата Козле, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче.
Веднаш потоа сопственичката на возраст од 50-60 години, заедно со кучето се оддалечила во непознат правец.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.