Исповед на сопругата на познатиот УФЦ борец „Сопругот ме тепаше без престан, од толку ќотек исплукав крв“
Познартиот УФЦ брак помеѓу Арнолд Бердон и Рејчел Островиќ е завршен со жестока тепачка.
Атрактивната Рејчел била брутално претепана од сопругот поради што е откажана нејзината борба со Пејџ Ван Зант.
-Откако вечерта ја поминавме во семејно опкружување, Бердон почна без престан да ме удира по глава, лице и ребра, па паднав на под. Се обидував да дојдам до воздух. Некако успеав да избегам преку балконот. Искашлував крв и повратив неколку пати, а скршена ми е коска – напишала Рејчел во извештајот за полицијата.
Бердон во моментов е во притвор и има забрана за пристап до неговата сопруга и нивната ќерка.