Ги реализираме мерките од Планот за живот за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари за работниците, земјоделците, војниците, полицајците, за повеќе пари во секое семејство, истакна денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што рече тој, за само две години, просечната плата според официјалните податоци на Државниот завод за статистика пораснала за над 2.000 денари.
Просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт. Забележан е раст на платите во сите сектори, вклучувајќи го и приватниот сектор. Растот на минималната плата на 12.000 денари ја отвори спиралата на раст на платите за работниците во кожарската и текстилната индустрија, но и во други сектори“, посочи Костадинов.
Портпаролот на владејачката партија наведе дека покрај платите растат и пензиите.
„Просечната пезнија во септември 2018 изнесува 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016, во времето на претходната власт“, кажа Костадинов и додаде дека трендот на раст на расположливиот доход во секое семејство дополнително ќе се интензивира со Буџетот за 2019 година.
Тој најави дека и наредната година ќе има раст на платите во сите сектори.
Костадинов посочи дека Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на зацртаните мерки што, како што рече, обезбедуваат економски раст, повисоки плати и подобар живот за сите.