Украинската морнарица соопшти дека Руската морнарица истрелала ракета кој украинската морнарица при што е ранет украински војник, а заробени се три брода, тврди Украина, што е ескалација на денешните случувања крај брегот на анектираниот рим.
Од Русија засег нема потврд за инцидентот, но регионот го надлетуваат руски воени авиони и хеликоптери.
Русите претходно утринава ја обвинбија Украина за илегално влегување во руските води, по што руски танкер се закотви под мостот во Керченскиот теснец, со што оневозможи влез од Црно во Азовско Море.
Според украинската морнарица, руските сили пукале кон две топовници кои се сериозно оштетени, а киднапирале три помали бродови. Украинците објавија дека возвраќаат на огнот.
На излезот од Керченскиот теснец руските сили употребија оружје против украинските бродови на морнарицата. Акција за спасување е во тек, изјави портпаролот на украинскиот претседател на Крим, Борис Бабин.