Кошаркарите на „Филаделфија“ ги победија „Нетс“ на гостувањето во Бруклин во најинтересниот натпревар ноќеска во НБА лигата со 127:125. Кај гостите најефикасен беше Џими Батлер, кој погоди тројка од тешка позиција на 2,3 секунди до крајот на мечот со која ѝ донесе победа на „Филалделфија“. Ова беше најдобриот меч за Батлер во дрсот на „Сиксерси“ откако пред десетина дена дојде од „Минесота“ каде замина Дарио Шариќ и уште ден кошаркар на „Филаделфија“. Батлер го заврши мешот со 34 поени, 12 скока, две асистенции и четири украдени топки. Извонредна партија пруѓи и неговиот соиграч, Џеол Ембид со 34 коша, 12 скока и четири асистенции. Кај поразените најефикасен беше Дианџело Расел со 38 поени и по осум скока и асистенции.
„Торонто“ го декласира „Мајами“ 125:105, а дуелот го обележа ветеранот Двејн Вејд, кој за поразениот тим го одигра мечот на сезоната. Вејд постигна 35 поени, на кои придодаде пет скока и шест асистенции. Кај „Торонто“ се истакна Каваи Ленард со 29 поени и 10 скока.
„ЛА Лејкерси“ не можеа да се справат со Никола Вучевиќ, поради што „Орландо“ ја однесе победата од „Стејплс центарот“ 104:108. Црногорецот и во второто сезонско соочување на овие екипи одигра доминанто, постигна 34 поени, 15 скока и седум асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасен кај „Лејкерси“ со 24 поени.
Во останатите натпревари се постигнаа следниве резултати:
„Мемфис Гризлис“- „Њујорк Никс„ 98:103
„Атланта Хокс“-„Шарлот Хорнетс“ 124:123
„Сакременто Кингс„- „Јута Џез“ 112:133
„Портланд“-„ЛА Клиперс“ 100:104