Лендерот на НАСА, „Инсајт“ по седуммесечно патување низ студените длабочини на вселената вечерва слета на Марс за прв пат да изврши мапирање на внатрешноста на планетата.
Мисијата има за цел на планетата да испушти лендер со големина на масичка за градина, поточно на екваторот на планетата, на Elysium Planitia, дел од Марс кој е широк, рамен и во најголема мера без карпи.
„Инсајт“ ќе биде прва мисија што ќе ја проучува исклучиво внатрешноста на „црвената планета“, при што овој статички приземјувач ќе постави сеизмометри на површината, за да регистрира таканаречени марсотреси. Тие тресења треба да покажат како се наредени подземните карпи, со цел податоците да се споредат со оние од Земјата, за да се добие појасна слика за формирањето на планетите пред 4,6 милијарди години.
„Инсајт“ ќе биде лансиран денеска од воздушната база Ванденберг во Калифорнија, но точното време ќе зависи од временските услови. Се очекува тој да слета на Марс во ноември. Кога ќе се приближи на планетата, „Инсајд“ ќе навлезе во небото на Марс со брзина од 13.200 милји на час, по што ќе се ослободи падобран, а потоа ќе се уклучат 12 потисници за да го успори спуштањето.
НАСА за последен пат испрати сеизмометри на Марс во 70-ите години, но тие не успеале да детектираат подземни вибрации, затоа што инструментите не биле поставени на површината на планетата.